Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ Скопје и Аеродром ќе бидат домаќини на завршниот турнир во АБА2 лигата

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје ја доби организацијата на завршниот турнир во АБА2.

Македонскиот првак се пријави за да го организира фајналејт-турнирот и во конкуренција на Белград и Сараево ја доби оваа битка што значи дека на домашен терен ќе може да ја нападне титулата, односно да проба да се врати во најквалитетната јадранска конкуренција.

Овој настан ќе биде на програмата од 13 до 17 април во салата „Јане Сандански“, а сите учесници и секако двојките за битката во Скопје ќе бидат познати по последниот „балон“ кој се игра во босанскиот град Широки (21-27 март).

Инаку „плејофот“ во Аеродром ќе си игра на еден добиен меч (не на два како лани) по кој победникот оди понатаму, додека поразениот си заминува дома. Екипата која ќе биде број еден директно ќе се пласира во Адмирал бет АБА-лигата, додека финалистот ќе игра бараж со претпоследниот во ова натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни