Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје го освои трофејот на турнирот во Белград

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје е победник на „Земун купот” кој овие денови се одржа во Белград.

Македонскиот претставник во вчерашното полуфинале го преслуша Борац Бања Лука со 86-66, додека пак вечерва во финалето славеше над домаќинот Младост Земун 86-80.

Најефикасен во редовите на „металците“ беше Кафи со 19 поени, а зад него беа Миќовиќ со 12 и (Дамјан) Стојановски односно Максвел со по 11 поени.

Инаку во досегашните подготовки актуелниот македонски шампион е без пораз, односно претходни ги доби контролките со Арис и Здравје Лесковац.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни