Поврзете се со нас

Македонија

МВР го приведе првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот

Објавено

на

Хрватскиот ракометар Денис Тот вчера беше погребан во родното Ѓаково, а утринава македонското Министерство за внатрешни работи објави дека е приведен и осомничениот за неговото убиство кој беше во бегство.

Ракометарот на РК Бутел настрада од повредите заработени пред скопска дискотека, а објавеното видео потврди дека бил претепан од три лица.

Две од нив веднаш беа приведени и задржани во притвор, за утринава на територијата на Скопје да биде приведен и првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски за кого беше распишана и меѓународна потерница.

– А.Ѓ.(28) , првоосомничениот за кривичното дело убиство на Денис Тот ноќеска (13.04.2022) околу 02 часот е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, одредена од надлежниот суд. Тој беше баран по потерница односно Наредба – XL КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ.

По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01.20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на нас. Аеродром, – вели МВР во своето соопштение.

Тот емотивно испратен во вечното почивалиште, Гаџа порачува: Луѓето во Скопје се срдечни, но….. (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни