Поврзете се со нас

Македонија

Тот емотивно испратен во вечното почивалиште, Гаџа порачува: Луѓето во Скопје се срдечни, но….. (Видео)

Објавено

на

Хрватските медиуми ги пренесоа видеата од последниот збор кој му го одадоа пријателите и најблиските на Денис Тот, ракометарот на Бутел кој денеска беше испратен во своето вечно почивалиште.

Младиот ракометар од Хрватска беше брутално убиен пред една скопска дискотека и македонското обвинителство приведе две лица и едно е во бегство, па по неколкудневната сага поради меѓународниот скандал, Тот денеска конечно беше погребан во една траорна атмосфера во неговото родно Ѓаково.

Видео прилозите од хрватските медиуми се навистина емотивни, а угледниот „Вечерњи лист“ кој прв ја пренесе веста за неговото брутално претепување додека се уште се бореше за живот, стапи во контакт и со Анте Гаџа од редовите на Вардар.

Новинарот го запраша Гаџа како дознал за убиството на Тот и дали досега имал проблеми во Скопје при излегувањата во главниот град.

– Информацијата ја добивме утрото кога се подготвуваме за тренинг и за мечот против Бутел. Се шокиравме кога слушнавме дека починал, трагедијата на погоди и натпреварот падна во четврти или петти план. Тешко е да се каже било што, сите сме тажни.

– Во Скопје сум две години и не сум имал ниту едно лошо искуство, луѓето се навистина добри и срдечни кон нас и ќе кажам дека ова е изолиран случај. Некој мора да одговара за ова и се надевам дека нема да се повтори вакво нешто, – вели Гаџа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни