Поврзете се со нас

АТП

Музети го изненади Алкарас во Хамбург, Руд најдобар во Гштад

Објавено

на

Италијанецот Лоренцо Музети направи изненадување и го освои АТП турнирот во Хамбург и тоа откако во големото финале беше подобар од Карлос Алкарес со 2-1 во сетови.

Шпанецот беше апсолутен фаворит пред дуелот, но Музети покажа дека тоа мора да се потврди на теренот или во случајот тој беше на повисоко ниво и со 6-4, 6-7(6), 6-4 дојде до првиот пехар и тоа на турнирот од серијата 500.

Ако е за утеха за Алкарас тој со влезот во финалето обезбеди Топ 5 пласман на најновата листа која утре ќе биде објавена.

Во Гштад пак Каспер Руд по една голема борба славеше над Матео Беретини од Италија со 2-1 во сетови. Беретини отвори со 6-4 за да потоа во вториот сет се решава во тај-брејкот во кој Норвежанецот имаше повеќе живци и фокус и со 7-4 израмни на 1-1 во сетови.

Воден од оваа енергија покажа многу повеќе во решавачката „рунда“ каде со 6-2 дојде до пехарот на настанот во Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни