Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо излажа за Дибала: Ова се почетните состави за финалето меѓу Севилја и Рома (ФОТО)

Објавено

на

Вечерва (21 часот) се игра финалето во Лига Европа, трофеј за кој силите ќе ги одмерат шпанска Севилја и италијанскиот прволигаш Рома.

Ова е средба која се игра во Будимпешта, средба која освен титула носи и пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона што значи влогот е навистина голем. Веќе се познати почетните состави за завршниот меч во второто по ранг европско натпреварувања, а кога е во прашање Рома тогаш повеќе од јасно е дека Жозе Мурињо излажа со неговата информација за Пауло Дибала.

Мурињо порача дека Аргентинецот ќе биде негов „џокер“, поточно има сила за 20-30 минути, но Дибала е стартер и заедно со Пелегрини и Ејбрахам ќе бидат најголема опасност за составот од Андалузија.

Хосе Луис Мендилибар се реши за проверена комбинација кај Севилја со многу искусни и докажани играчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни