Поврзете се со нас

Шпанија

Мурињо го испрати Касилјас во пензија: Мојата одлука беше професионална, никогаш лична

Објавено

на

Икер Касилјас во текот на денешниот ден и официјално потврди дека става крај на една богата и успешна голманска кариера, вест која експресно предизвика безброј реакции во светската спортска јавност.

Касилјас без никаков сомнеж е еден од најтрофејните голмани во историјата на фудбалот и со наследството кое го остави во Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација си обезбеди место во избрано друштво, па со оглед на влијанието кое го имаше во светскиот фудбал, не чуди што добива искрени пораки и честитки за кариерата од сите страни ширум светот.

Искусниот чувар на мрежата добива илјадници пораки на социјалните мрежи, но секако, сите ја чекаа изјавата на Жозе Мурињо, човекот кој се погрижи Касилјас на доста непосакуван начин да ја заврши својата етапа во Реал Мадрид.

Мурињо со одлуката да го направи Икер втор голман практично го најави заминувањето на Касилјас од Реал, а иако не е тајна дека имаа нарушен однос, Жозе сега вели дека благодарение на неверојатните човечки квалитети на голманот, сега може да се каже дека имаат пријателски однос.

– Неговата интелигенција и неговата зрелост направија секогаш да има меѓусебна почит и неколку години подоцна, изградивме искрено пријателство.

– Икер е историски голман на Реал Мадрид, на шпанската „фурија“ и на светскиот фудбал. Со него ја освои лигата со сите остварени рекорди и со него имав тешки моменти поради мојата професионална одлука која никогаш не беше лична. Мојата одлука да игра друг соиграч беше секогаш професионална и никогаш лична, – нагласува Мурињо во краткото интервју за „АС“ кое го направи специјално за пензионирањето на Икер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни