Поврзете се со нас

Европски првенства

Мукаетов: Следи најголемиот настан во Македонија…… Савевски: Да покажеме дека сме на вистинскиот пат!

Објавено

на

Ракометната Федерација на Македонија ова попладне ги собра новинарите и го најави големиот настан кој следи во нашата земја, која е еден од домаќините на женското сениорски Европско првенство.

Континенталниот турнир ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора, а претседателот Живко Мукаетов нагласи дека ова е најголем предизвик за него како лидер на Федерацијата, бидејќи станува збор за топ настан кој бара највисоки стандарди од сите инволвирани во организацијата.

– За нас е вистинска чест, но и предизвик што ќе бидеме организатори на најголемиот настан кој се случил во Македонија. Ова е топ настан и добра шанса за сите љубители на ракометот да дадат поддршка на нашите ракометарки и стручниот штаб. Апелирам да има што повеќе навивачи на трибините, да ги бодриме нашите репрезентативкки и да ги гледаме најдобрите светски селекции.

– Благодарност и до Владата која ги досреди работите во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“, треба да покажеме дека сме подготвени да организираме ваков настан и уверени сме дека е така. Не е лесно да се организира турнир во три земји, но имаме одлична комуникација со останатите две земји домаќини, – изјави Живко Мукаетов.

Легендарната Гордана Нацева е избрана за амбасадор од македонска страна за претстојното Европско првенство во месец ноември, турнир на кој Македонија е во група со Франција, Холандија и Романија.

Селекторот Љубомир Савевски со следните два пријателски меча против Норвешка ќе ги започне подготовките за Европското првенство, на кое гледа како шанса да се продолжи напорната работа која почна да вродува со плод.

– Пред нас е долг и макотрпен процес, минавме веќе многу изминатава година. Јас верувам во овоие девојки, иако имаме тешка групна на Европското првенство. Против себе имаме светски и олимписки шампиони, ќе бидам среќен ако оствариме една победа. Европското првенство треба да ни покаже дека сме на вистинскиот пат, бидејќи јас сум задоволен од сето она што го направивме досега, – изјави селекторот Савевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни