Репрезентација
Мукаетов ги прими шампионките од Литванија: Се откажавте од се за да донесете успех за Македонија
Нашата женска кадетска репрезентација направи голем успех на ЕХФ шампионатот во Клаипеда (Литванија) каде успеа да го освои првото место.
Македонските девојки одиграа извонреден турнир кој го заокружија со славје во финалето против Исланд. Тие веќе се вратија дома и денеска беа на прием кај првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов.
-Драги лавици би сакал да ве поздрава. Ова кое го направивте во Литванија не направи горди и е голема радост за сите нас. Јас лично би сакал да ви се заблагодарам, ова е преубав почеток на вашите кариери. Ние како федерација ќе помагаме, сите заедно да направиме добро за македонскиот ракомет и македонскиот спорт. Ова што сите заедно го направивте заслужува едно огромно БРАВО.
-Ние како федерација решивме да ве наградиме со подароци од нашиот спонзор „Ребека“. Тука плус е парична награда од 31.000 денари, затоа што цело лето бевте професионални, се откажавте од одмори и бевте со репрезентацијата за да направите добро дело, нешто многу важно за Македонија, -истакна претседателот Мукаетов.
Освен сите ракометарки парично со по 31.000 денари ќе биде награден и секој член од стручниот штаб.
-
НБАпред 18 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
Шпанијапред 14 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Формула 1пред 15 часа
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Шпанијапред 11 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став
-
Македонијапред 17 часа
Анализа по првиот настап: Можеме и подобро, свежа мотивација за Золдер!
-
Италијапред 17 часа
Јувентус договорил нов голман, наследникот на Шчесни ќе биде Италијанец
-
Англијапред 15 часа
Кулушевски доби најдобар можен роденденски подарок (Фото)