Поврзете се со нас

Свет

Му се смее цел Бразил: Дани Алвес постави нови стандарди за изведување слободен удар (Видео)

Објавено

на

Големото бразилско дерби меѓу Сао Пауло и Гремио заврши без победник и без постигнат гол, но во разочарувачките 0:0 се издвојува една ситуација која ја изрежира прославениот десен бек.

Дани Алвес во овој момент игра во Сао Пауло по спектакуларната кариера која ја имаше во Европа, но во изминативе 24 часа, тој е мета на сериозни исмевања на социјалните мрежи во Бразил, сето тоа како последица на обидот кој го имаше во 85-та минута.

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Јувентус и ПСЖ ја презема одговорноста да изведе еден прекин од изгледна позиција, но неговиот обид заврши до толку лошо, што во Бразил велат дека поставил нови стандарди за погрешно изведување на слободен удар.

Алвес ја катапултираше топката од работ на шеснаесетникот во стил на голмански деганжман, па неговиот обид повеќе наликуваше на изведен пенал во НФЛ, отколку обид за постигнување гол во фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни