Поврзете се со нас

Свет

Мората постигна хет-трик, Атлетико го декласираше Јувентус во Торино (Видео)

Објавено

на

Поради вонредната ситуација во Израел и нарушената безедност во Тел Авив, Јувентус и Атлетико Мадрид го презакажаа меѓусебниот контролен меч во Торино, па така денеска се состанаа во генералната проба за двата тима пред стартот на новата сезона.

Мечот се играше во тренинг центарот на Јувентус, а во такви услови, далеку подобро се снајдоа гостите и остварија преубедлива победа од 0:4.

Атлетико Мадрид постигна дури четири гола во мрежата на Шчесни, но најинтересно е тоа што хет-трик во мрежата на Јувентус постигна играчот кој до пред неколку месеци го носеше нивниот дрес.

Алваро Мората беше јунак на денешниот пријателски меч, во кој ги бранеше боите на Атлетико Мадрид откако на крајот од сезоната му заврши позајмицата во Јувентус.

Шпанецот постигна хет-трик за водство од 3:0, а конечните 4:0 ги постави Куња во судиското продолжение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни