Поврзете се со нас

АТП

Моја соопшти на кои два важни турнири ќе настапи Надал до крајот на сезоната

Објавено

на

Рафаел Надал својот последен официјален меч на АТП турот го имаше во осминафиналето на Ју-Ес Опен, каде беше поразен од Френсис Тиафо и остана без шанси да се бори за нова грен слем титула.

Од тој момент, Рафа настапи само на последниот меч во кариерата на Рожер Федерер во Лондон и оттогаш доживеа голема промена во својот живот, бидејќи Надал за првпат стана татко и доби наследник.

Изминатиот период беше нависитна тензичен за Рафа поради проблематичната бременост на неговата сопруга и повредата на мускулот која ја влечеше подолго време, па иако имаше гласини дека воопшто нема да настапи до крајот на 2022-ра година, сепак светскиот рекет број два ќе игра на двата најважни турнири до крајот.

Тренерот Карлос Моја денеска потврди дека Надал ќе игра на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Париз, но по настапот во Берси, ќе игра и на завршниот турнир во Торино.

Интересно, Надал никогаш во својата кариера нема славено на турнирот во Париз и на завршниот Мастерс на крајот од сезоната, па Моја вели дека тоа ќе послужи како добра мотивација за Рафа во обидот да се врати на терените во вистинско светло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни