Поврзете се со нас

Германија

Многу емоции во Дортмунд: Халанд во втор план поради заминувањето на легендата која мина 44 години во клубот! (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмунд стави завеса на уште една сезона во Бундеслигата со победа над Херта од 2:1, но денешното попладне на „Сигнал Идуна парк“ ќе се памети по емотивните разделби.

Иако јавноста во прв план го стави последниот меч на Ерлинг Халанд, многу поемотивно за навивачите и „жолтиот ѕид“ беше заминувањето на клупската легенда, неповторливиот Михаел Цорк.

Директорот на Борусија си заминува од клубот откако му сервираше цели 44 години, па токму поради тоа навивачите режираа спектакуларна кореографија во чест на некогашниот играч, кој одбележа незаборавна ера и како главен оперативец за трансфери.

Денеска во Дортмунд беа испратени Витсел, Хиц, Загаду, Бирки, Реинер, Понграчиќ, Халанд, Шмелцер и Цорк, со тоа што најемотивната беше средбата која ја имаше Михаел со „жолтиот ѕид“.

Цорк на моменти не можеше да ги сокрие солзите, а тоа не е никакво чудо бидејќи се збогуваше со својата прва фудбалска љубов по повеќе од четири децении.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни