Поврзете се со нас

Репрезентација

Младинците ја урнаа Грузија и обезбедија четвртфинале на ЕП во Тбилиси (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години ќе игра во четвртфиналето на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Тблиси, Грузија.

Избраниците на Никола Василев во денешниот клучен натпревар славеа над домаќинот со 76-73. Ние лошо ги одигравме првите десет минути, потфрлфивме во одбраната и најдобар доказ за тоа е резултатот по првата четвртина кој гласеше 29-20.

Во преостанатиот дел приказната беше сосема поинаква и нашите младинци примаа по 15 (2) и 14 кошеви, воедно го добивме ривалот во сите останати четвртини и забележавме триумф кој не одведе до осумте најдобри на шампионатот.

Андреј Андоновски и Лука Савичевиќ со по 14 поени беа најпрецизни, двоцифрени беа уште Марин Петков со 13 и Гоце Петрушевски со 10 кошеви.

Наш нареден ривал ни е селекцијата на Естонија која имаше максимални 4 од 4 во групата А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни