Поврзете се со нас

Европски првенства

Мишевски: Големо благодарам до публиката, оваа генерација има иднина

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Нашата најдобра ракометна репрезентација го загуби и натпреварот со Данска и со три порази го заврши настапот на Европското првенство на кое домаќините се Словачка и Унгарија.

Избраниците на Кирил Лазаров и на пресметката против скандинавците имаа добри и лоши моменти, подеми и падови во играта на што ќе треба да се поработи за да не се случува во иднина, односно да се има една константност затоа што само така може да се дојде до посакуваните резултати.

Марко Мишевски на вчерашната средба освен во одбраната имаше позабележителна улога и во нападот и даде три погодоци. Членот на Вардар смета дека не заслужиле да загубат со десет голови разлика (31-21) и воедно и порача на јавноста да верува во оваа нова генерација.

-Тежок натпревар, добро отворивме со серија од 4-0, ама сепак тие се светски и европски шампиони. Мислам дека дадовме сè од себе и според мене не беше заслужен вака ваков пораз со десет разлика. Се боревме на ова првенство, дадовме се од себе, мислам дека оваа генерација има иднина. Се надевам дека имаме успех во иднина,-рече Мишевски кој имаше посебна благодарност до публиката.

-Морам да се заблагодарам на публиката која одвои време да ни даде поддршка. Благодарни сме, тие секогаш се наш осми играч и ветер во грб на натпреварите. Големо благодарам, -заврши Марко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни