Поврзете се со нас

Шпанија

Мирниот Крос обелодени кои ситуации го разбеснуваат на теренот

Објавено

на

Тони Крос во повеќе наврати има откриено дека не планира долга играчка кариера, па една од опциите е да замине во играчка пензија по завршување на актуелниот договор со Реал Мадрид.

Германскиот играч за врска освои се што можеше да се освои и неговиот тековен договор со Реал истекува во 2023-та година, а со своето последно интервју кое го направи за магазинот „Џи-Кју“, уште еднаш ја остави подотворена вратата за такво сценарио, особено поради фактот што сака да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.

– Јас нема да завршам во МЛС лигата како други возрасни играчи. Јас имам уште три години од договорот, а во фудбалот три години се многу долги. Јас сакам да го доработам договорот со Реал Мадрид, тогаш ќе имам 33 години и неколку опции на располагање. Да останам во Реал, да се одлучам за нешто друго, или да се пензионирам. Моја цел и желба е да ја завршам кариерата во Реал, – вели Крос.

Германецот на теренот важи како убедливо најсмирен играч на Реал и ретко може да се види како го губи трпението и нервите, но сега одлучи да открие кои ситуации прават да го видиме сосема спротивното светло.

– Вистина е дека во најголем дел од случаите сум смирен. Но, кога имам чувство дека мојот тим е неправедно оштетен од судијата, тогаш знам да го кренам гласот. Неправдата е нешто што многу ме разлутува, исто така многу мразам и да ме лажат. Тие се двете работи кои ме разбеснуваат, подобро е да ја слушнам вистината, колку и таа да е брутална. Но, факт е дека многу потешко се возбудувам и лутам од останатите играчи, – потенцира Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни