Поврзете се со нас

Конференциска лига

Миовски по својот првенец во групната фаза: Секој фудбалер работи за вакви моменти

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Бојан Миовски е ударна игла во нападот на Абердин и е убедливо најдобар играч на Донс во Европа, бидејќи покрај вчерашниот гол во Конференциската лига, претходно постигна два против Хакен во квалификациите кои се играат во текот на летото.

Македонскиот репрезентативец вчера беше на вистинско место во вистинско време и мајсторски изреагира со удар со глава, кој беше доволен за реми и освоен бод на Абердин против Хелсинки.

Бојан спречи пораз на неговиот тим во завршната фаза од мечот, што значеше дека Абердин го освои првиот бод во европските натпреварувања по цели 16 години.

– Можевме многу повеќе од реми, особено во второто полувреме во кое креиравме многу шанси. Можевме да постигнеме уште два или три гола. Во првото полувреме имаше многу прекини на играта и не можевме да го наметнеме нашиот стил на игра.

– Во второто полувреме израмнивме и имавме време да тргнеме по победа, а до крајот не искористивме уште една чиста ситуација. Во Европа мора да ги претворате шансите во гол. Среќен сум што го постигнав мојот првенец во групната фаза во Европа, секој фудбалер работи за вакви моменти, – изјави Миовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни