Поврзете се со нас

Свет

Миовски го почувствува „Селтик парк“, Абердин сепак без одговор за шампионот (Видео)

Објавено

на

Бојан Миовски дебитираше со гол во дресото на Абердин во Лига Купот, но денеска го дочека и своето деби во шкотската Премиер лигата, каде сепак немаше добро попладне како пред неколку дена.

Причина за тоа беше фактот што Абердин во првото коло играше против шампионот Селтик, кој на домашен терен во Глазгов ја оправда фаворитската улога и оствари сигурна победа.

Македонскиот репрезентативец одигра 62 минути и беше повлечен при резултат 1:0, кој инаку беше активен од третата минута со голот на Стивен Велш.

Тренерот на Абердин го извади Миовски и му даде шанса на Дук, но тоа не ги промени настаните на теренот и Селтик со втор гол само ја потврди победата.

Погодокот беше дело на Жота на 15 минути пред крајот, кога стана јасно дека Селтик сепак без проблеми ќе ги прокнижи првите три бода во новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни