Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски тргна без Елмас и Јаховиќ, репрезентативците убедени во позитивни резултати во квалификацискиот циклус

Објавено

на

Фудбалските репрезентативци на Македонија денеска го одработија и првиот тренинг од подготовките во пресрет на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Катар.

На теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“, Боби Милевски го одработи својот прв тренинг како предводник на сениорската репрезентација на Македонија.

Голем дел од сегашните сениорски репрезентативци му се познати на Милевски кој заедно со нив испиша историја кога во 2017 година се пласираше на Европското првенство за млади играчи до 21 година кое се одржа во Полска.

Овојпат тие играчи, надополнети со уште неколку поискусни фудбалери се исправени пред нов предизвик, пласман на Светското првенство кое во 2022 година ќе се одржи во Катар.

По воведните три кола, Македонија се наоѓа на втората позиција на табелата со шест бода, и сигурно дека позитивни резултати од следните три натпревари против Ерменија, Исланд и Романија и тоа како ќе ни ги кренат апетитите и надежите за пласман на Мундијалот кој ќе се игра зимата, 2022 година.

Што се однесува до ростерот, Милевски можеше да смета на сите репрезентативци освен на Елиф Елмас и Адис Јаховиќ кои последни ќе се приклучат на подготовките.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни