Поврзете се со нас

Лига на нации

Милевски извлече позитивен заклучок од јунскиот циклус во Лигата на нации

Објавено

на

Македонија го декласираше Гибралтар со 4:0 денеска на „Тодор Проески“, но играчите и стручниот штаб се уште во мислите го имаат мечот со Грузија кој го контролираа во првиот дел, а потоа целосно го загубија со лошо второ полувреме.

Покрај триумфот над Гибралтар, добра вест денеска е тоа што Грузија во Тбилиси не победи со Бугарија, па така остануваме со шанса за првото место, кое би го обезбедиле ако им нанесеме тежок пораз на Грузијците на нивни терен во месец септември.

– Не го знаев резултатот од Тбилиси, јас не се навраќам на она што поминало. Јас и играчите жалиме за тој меч бидејќи не е убаво кога ќе загубите на таков меч. Според мене, на тие 50 минути против Грузија можеби одигравме еден од најдобрите натпревари, но тоа не беше доволно.

– Загубивме како што загубивме, а што ќе се случува до крајот на овој циклус во Лигата на нации останува да видиме. Јас сум задоволен од момците, покажаа пристап кој мора да се пофали. Овој тим покажува респект кон секого, но на терен кон никого и така треба да биде. Им честитам на момците за желбата за успех, им благодарам на сите што беа дел од овој камп бидејќи издвоија дел од своите денови за одмор за да и помогнат на репрезентацијата, – изјави Милевски кој ги коментираше и настапите на новите фудбалери кои добија шанса во овој циклус.

– Сите што беа дел од овој тим имаат потенцијал. Покажаа дека поседуваат квалитет и потенцијал за да останат во тимот, но од самите нив зависи колку ќе се наметнат со своите настапи во клубовите. Не би издвојувал никој поединечно, задоволен сум од сите од пристапот и односот кој го имаа, – изјави Милевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни