Поврзете се со нас

Германија

Милер за стратегијата на Баерн да им ги „краде“ најдобрите играчи на ривали: Никој не ги тера да ги продаваат

Објавено

на

Баерн Минхен е познат по тоа што често го собира најдоброто од Германија и поради тоа едноставно е недопирлив во домашниот шампионат.

Има многу примери за тоа како „баварците“ купуваат од директните конкуренти за пехарот, а најсвеж пример за тоа е изминатиов преоден рок во кој Баерн ги донесе Дајо Упамекано и Марсел Забицер од РБ Лајпциг, плус претходно беше доведен и тренерот Јулијан Нагелсман.

На доста луѓе ова не им се допаѓа од проста причина што клубот од Минхен ја уништува конкуренцијата, меѓутоа вака на ова не гледа Томас Милер.

-Во никој случај, -одговори Милер кој беше запрашан дали ангажманот на двоецот од Лајпциг е стратегија за да се намалат шансите на конкурентот во борбата за титулата.

-Ниту еден клуб нема обврска да продава. Погледнете ги ПСЖ и Мбапе. Како и секој клуб, ние сме во потрага по квалитет што одговара на нашиот буџет. Нормално е да барате наоколу за опции во истата лига. Отсекогаш имало трансфери за кои се расправа жестоко и тоа е добра работа, -истакна Томас за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни