Поврзете се со нас

Германија

Милер се налути и го крена гласот пред супер дербито со Барселона: Мора да се погледнеме во очи

Објавено

на

Баерн Минхен едноставно заборави да победува во Бундеслигата и трет меч во низа одигра само реми во домашното првенство, овојпат против Штутгарт на „Алијанц арена“.

Гостите постигнаа гол во судиското продолжение и ги шокираа домашните играчи и навивачи, по што со доста нервозна изјава се јави Томас Милер, еден од најискусните во составот на Нагелсман.

Офанзивецот на Баерн го вклучи првиот аларм на стартот на оваа сезона и побара од своите соиграчи сите да се погледнат очи в очи, бидејќи три натпревари без победа во Германија е недопустливо за тим кој сака да ја освои титулата.

– Првпат сум лут и бесен од стартот на сезоната. Лут сум на самите нас. Кога имате предност на семафорот и можете да се вратите на врвот, треба да дадете се од себе во завршните минути. Наместо тоа, ние им дадовме шанса на Штутгарт да дојдат во нашиот шеснаесетник и да постигнат гол. Тоа е недопустливо, покажавме недостаток на глад и желба. Првпат оваа сезона се чувствувам дека подаривме нешто на противникот и затоа сум лут.

– Ако сакаме да се вратиме на врвот на табелата, што дефинитивно е наша цел, мора да се погледнеме во очи едни со други. Не е важно тоа што имаме важен меч со Барселона на средина на неделата, со нашата актуелна ситуација, моравме да го дадеме најдоброто до крајот, а него направивме тоа, – изјави Милер.

Пред киксот со Штутгарт, Баерн на домашен терен не славеше и против Менхегладбах, а одигра нерешено и со Унион Берлин на последното гостување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни