Поврзете се со нас

Свет

Милер разочаран од епилогот во Париз: Да покажеме против Барселона што нуди германскиот фудбал! (Фото)

Објавено

на

Томас Милер остана максимално разочаран од новиот избор за „Златната топка“ и признанието кое го доби Лионел Меси, бидејќи на церемонијата во Париз, уште еднаш играч на Баерн Минхен остана во втор план и покрај своите блескави изданија на германска и меѓународна сцена.

Роберт Левандовски остана втор во рангирањето зад Лионел Меси кој по седми пат го освои најпрестижното индивидуално признание, па ваквиот расплет го натера Милер да има долго мислење на оваа тема и истото го искажа преку својот профил на „Линкдин“.

– Од баварска, полска, но и германска гледна точка, доделената „Златна топка“ беше дефинитивно големо разочарување. За некои други и повеќе од тоа. Иако во бизнисот сум подолго време, не бев премногу изненаден од исходот (слично беше со Франк Рибери во 2013-та година).

– Имаме одлични играчи во Бундеслигата и не треба да се криеме, но сепак за светско признавање, мора да се докажуваме со меѓународни успеси.

– Тоа прави да имам огромен мотив да ја вратиме Лигата на шампионите во Минхен и да му покажеме на фудбалскиот свет што се случува кај нас, да покажеме што нуди германскиот фудбал. Следната можност да го направиме тоа ја имаме наредната среда на натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Ајде да го направиме тоа, – порача Милер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни