Поврзете се со нас

Италија

Милан ќе се ослободи од двајца играчи во зимскиот преоден рок

Објавено

на

Италијанскиот вицешампион Милан планира да се ослободи од двајца играчи во зимскиот преоден рок.

На „росонерите“ добро им оди во досегашниот дел од шамионатот, па тренерот Стефано Пиоли и неговите соработници сметаат дека не им се потребни услугите на Андреа Конти и Саму Кастилјехо. Конти во 2017 година пристигна од Аталанта и требаше да биде големо засилување за „црвено-црните“, меѓутоа проблемите со повредите направија да биде лоша инвестиција, односно да не успее да се наметне.

Договорот му завршува во јуни 2022, но калчолигашот е подготвен да го пушти бесплатно на стартот на новата година.

Кога е во прашање Кастилјехо тој е под договор до 2023 година и желбата на Милан е да се ослободи од него, но и да заработи околу 6 милиони евра. Офанзивецот во текот на летото беше поврзуван со враќање во татковината во Хетафе, ама на крајот осната на „Сан Сиро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни