Поврзете се со нас

Италија

Милан излезе со официјално соопштение за Малдини, содржината дополнително ги разбесни фановите

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Тоа што се пренесе како сериозен фудбалски потрес во Италија вчеравечер, денеска попладне добива и официјална потврда, откако Милан излезе со соопштение за иднината на Паоло Малдини.

Фудбалскиот великан од „Сан Сиро“ реши да делува бесчувствително и му врачи отказ на легендарниот капитен на првиот тим, кој изминативе неколку сезони ја вршеше функцијата на технички директор.

Всушност, Паоло беше најзаслужен за сите клучни засилувања кои направија Милан да се врати на врвот на Италија минатата сезона, а последната услуга која му ја направи на клубот беше продолжената соработка со Рафаел Леао.

Голем дел од играчите на првиот тим се шокирани од одлуката која ја носи клубот, кој сега со кратко соопштение излезе со потврда на неочекуваната вест.

– Милан соопштува дека Паоло Малдини ја завршува својата улога во клубот, која беше ефективна до 5-ти јуни 2023-та година. Му благодариме за услугите во улогата која ја имаше, тој придонесе да се вратиме во Лигата на шампионите и да го освоиме Скудетото минатата сезона. Неговите секојдневни активности сега ќе бидат поделени меѓу менаџерот на првиот тим и извршниот директор, – се вели во куста објава која дополнително ги разбесни навивачите на Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни