Поврзете се со нас

Франција

Меси одигра супер партија против Лион, навивачите воодушевени (ВИДЕО)

Објавено

на

Пари Сен Жермен ја продолжи одличната резултатска низа во Лига 1 и на гостувањето кај Лион каде славеше со 1-0.

Човек на одлука беше Лионел Меси кој по асистенцијата на Нејмар ја затресе мрежата на Лопес во 5. минута. Покрај погодокот Меси блескаше на теренот, правеше шанси за соиграчите, отвараше простор, делеше топки во празно, а неколку негови обиди ги прочита голманот Лопес, плус една топка беше расчистена од гол линија.

Сето ова ги воодушеви навивачите кои испратија голем број на пораки на социјалните мрежи.

-Како може Меси вака да игра и некој да каже дека е подобар од неге?

-Се уште е најдобар на светот

-Настапот на Меси беше нереален. Најдобриот играч во оваа сезона.

-Меси е на друго ниво оваа сезона. Повторно игра на највисоко ниво.

-Ова сезона гори- беа само дел од коментарите.

Лео во оваа сезона има 4 голови и 7 асистенции во Лига 1 на 8 натпревари, во ЛШ на 2 меча има по 1 гол и 1 асистенција, а асистенција забележа и во Супер Купот на Франија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни