Поврзете се со нас

Франција

Меси и Нејмар му делат топки на „тацна“, Мбапе не знае за асистенција (ФОТО)

Објавено

на

Килијан Мбапе се обидува да се наметне како вистински лидер и главна ѕвезда во редовите на Пари Сен Жермен, меѓутоа тоа не му оди лесно затоа што во оваа екипа има многу шампиони како Лионел Меси, Нејмар, Серхио Рамос…

Французинот сака да излезе во прв план со тоа што сака да даде најмногу голови и веќе има замерки дека е себичен во некои ситуации. Јасно е дека секој напаѓач е гладен за погодоци и сака да ги решета противничките мрежи, ама кога се работи како тим за ПСЖ францускиот репрезентативец ќе мора да се приспособи и да ја крене главата во иднина.

Имено додека трае оваа пауза за репрезентациите излезе една интересна статистика за триото на „светците“ во која Мбапе е на „нула“ во една категорија.

Меси во оваа сезона има испорачано 5 асистенции за Мбапе и 3 за Нејмар, Бразилецот пак има 3 асистенции за Мбапе и 2 за Аргентинецот, додека пак Килијан нема ниту една топка, асистенција до своите колеги во нападот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни