Поврзете се со нас

Италија

Мертенс и дефинитивно има статус на легенда во Наполи: Галатасарај откри каква понуда одбил од Јувентус

Објавено

на

Дрис Мертенс со големи емоции се прости од Наполи и стави крај на една незаборавна авантура која траеше девет години, но иако досега беше омилен во клубот, отсега има статус и на вистинска легенда поради еден од последните потези на трансфер пазарот.

Мертенс не успеа да пронајде заеднички јазик со Де Лаурентис и не го продолжи престојот во Неапол, но бил и во сериозно искушение по овие преговори, бидејќи добил навистина примамлива понуда од Јувентус.

Белгиецот решил да ја одбие без преголемо размислување, а по промоцијата во редовите на Галатасарај, потпретседателот на турскиот клуб открива што направил Мертенс за да не се пресели кај големиот ривал на Наполи.

– Јувентус му понуди договор вреден 5 милиони евра по сезона, јас го видов тоа со своите очи, – открива Ерден Тимур.

– Тој покажа доблест и не сакаше да продолжува во Јувентус поради големото ривалство со Наполи. Тој ги одби нивните пари и ја прифати нашата понуда, – додава еден од водечките луѓе на турскиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни