Поврзете се со нас

Свет

Менаџерот на Абердин со препорака до селекторот Милевски: Тој треба да биде новата „9-ка“ на Македонија!

Објавено

на

Бојан Миовски направи трансфер во Шкотска и со мало задоцнување беше регистриран од страна на Абердин, бидејќи клубот имаше мали компликации со решавање на работната дозвола и визата на Македонецот.

Уште на првиот меч, Миовски постигна гол во Лига Купот и најави дека ќе биде големо засилување за Абердин, а веќе во второто коло демонстрираше моќ и квалитет во најсилното фудбалско првенство во Шкотска.

Миовски постигна два гола против Сент Мирен и влезе во уште најмалку две шанси за да реализира хет-трик, по што менаџерот Џим Гудвин не престанува да дели позитивни коментари за фантастичното летно засилување.

Абердин исплати нешто повеќе од 500 илјади фунти за ангажманот на младиот Македонец, а Гудвин сега вели дека тој треба да биде идниот лидер во нападот на македонската фудбалска репрезентација.

– Нема да му поставувам цел колку голови треба да постигне оваа сезона, сакам само да продолжи да влегува во шанси и да биде на вистинското место. Имаше четири добри шанси против Сент Мирен и реализираше две, ако продолжи да искористува 50 проценти од шансите, ќе има многу голови оваа сезона.

– Се надевам дека тој ќе стана и прва „9-ка“ на македонската фудбалска репрезентација, поради тоа дојде тука, сакаме да му помогнеме да дојде до тоа. Сака да биде лидер во својата репрезентација, а не само да биде дел од тимот. Мислам дека ќе дојде до тоа во одлична лига како шкотската и тоа што игра за голем клуб како Абердин му дава шанса да биде успешен, – вели Гудвин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни