Поврзете се со нас

Балкан

Мекиќ и Задар решија уште еден ривал во Хрватска

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkzadar

Адем Мекиќ и неговите колеги од Задар ја продолжија победничката серија во првата лига на Хрватска каде нивна најнова жртва беше Забок кој беше совладан со 88:74.

Домаќините играа на овој меч без неколку важни играчи како Божиќ, Рамљак и Зганец, но и без нив избраниците на Јусуп дојдоа до посакуваниот резултат, 24 победа на 26 лигашки меч.

Македонскиот репрезентативец Мекиќ беше стартер и одигра 20 минути за кои реализираше седум поени кои ги надополни со седум скока. Лакиќ со 26 и Мазалин со 20 кошеви беа најефикасни кај Задар.

Во наредната рунда клубот од АБА лигата и гостува на Шибенка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни