Поврзете се со нас

Франција

Мбапе згрозен од своите сонародници: Го допревме дното! (Фото)

Објавено

на

Мало девојче со ретка болест му испрати емотивна порака на Килијан Мбапе во текот на вчерашниот ден, а денеска истата допре до големата ѕвезда на ПСЖ која реагираше доста луто на социјалните мрежи.

Осумгодишната Камил му посака многу среќа на Мбапе во новата година и побара од него да остане во ПСЖ во 2022-ра година, но нејзината добра намера и искрената детска порака наиде на доста негативни и арогантни коментари поврзани за иднината на Килијан.

Девојчето доби и непријатни навреди без никаква причина само поради тоа што ја искажа својата искрена детска желба, па тоа предизвика реакција од Мбапе кој смета дека француското општество го допрело дното.

– Камил, јас исто така ти посакувам среќна нова година. Продолжи да се бориш во тоа што го правиш, ни даваш лекција за тоа како треба да се носиме во животот.

– Што се однесува до насилните коментари за едно дете….. Реалноста е дека го допревме дното, – порача разочараниот Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни