Поврзете се со нас

Франција

Мбапе влезе во игра и ги реши проблемите на ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Кристоф Галтие му ја исполни желбата на Дидие Дешамп и го одмори Килијан Мбапе такашто го остави на клупата за резерви, се до моментот кога неговиот тим не влезе во проблеми.

ПСЖ поведе во дербито против Ница и без француската ѕвезда во стартниот тим, но голот од слободен удар на Лионел Меси сепак не се покажа како доволен за триумф.

Ница успеа да израмни со погодокот на Лаборд на стартот на вториот дел, сценарио кое предизвика Галтие да реагира и да го стави Мбапе во игра.

Килијан влезе на местото на Екитике во 59-та минута, а во 83-та по асистенција на Мукиеле го постигна голот за победа и ги реши проблемите за ПСЖ кој чувствува се поголем притисок од Марсеј.

Победата го остава ПСЖ на првото место, но Марсеј има само два бода помалку и засега успева да го следи темпото кое го наметна актуелниот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни