Франција
Мбапе сака да си замине од Пари Сен Жермен

Килијан Мбапе веќе пет години е дел од Пари Сен Жермен, тим со кој го освои сите титули со исклучок на онаа најпосакуваната во Лигата на шампионите.
Токму ова беше причина Мбапе да размислува за заминување претходната година и се некако изгледаше дека ќе го напушти Париз за да во последен момент се предомисли и стави потпис на нов договор. Меѓутоа и оваа сезона не се променија некои работи во таборот на „светците“, па според реномираниот „Л’Екип“ тој размислува да го напушти сегашниот клуб во 2024 година.
Тој е под договор до 2025 година, меѓутоа по наредната сезона (последната година) има можност сам да одлучи дали ќе остане или ќе ја побара среќата на друго место и според „Л’Екип“ напаѓачот сака да се стави на пазарот, да ги види опции кои му се достапни, поточно да направи трансфер во друг тим.
Со оглед на тоа што на излезни врати од клубот се Меси и Нејмар, тоа значи дека ПСЖ реално за краток временски рок од една година може да остане без трите големи ѕвезди.
Во актуелнава сезона Килијан има 40 голови на 41 меч за лидерот во Лига 1.
-
АТПпред 17 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 20 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Реал Мадрид во завршни преговори за засилување од Хетафе
-
АТПпред 19 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Англијапред 23 часа
Рио го „амнестираше“ Јунајтед и смета дека Арсенал е виновен што Сити е на чекор до трет трофеј
-
Светпред 15 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 19 часа
Реал се засили со соиграч на Димитриевски (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал