Поврзете се со нас

Франција

Мбапе посочи што ќе биде клучно за иднината: Добро знам што сакам

Објавено

на

Килијан Мбапе беше избран за најдобар играч во Лига 1 непосредно пред стартот на последното коло во Франција кое е во тек, па тоа беше добра прилика да даде изјава за „Канал плус“, интервју во кое јасно стави до знаење дека следат навистина турбулентни денови во Париз.

Без оглед на епилогот во последното коло во кое ПСЖ чека кикс на Лил, Мбапе добро знае што сака да направи ова лето, односно потенцира дека сака да победува и да му биде понуден проект кој ќе му гарантира голем успех на лично и тимско ниво.

– Цел свет знае дека јас сум приврзан за ПСЖ. Секогаш ќе бидам благодарен на управата, на претседателот и на сите тренери. Добро знам што сакам. Сакам да победувам, да чувстувам дека сум на вистинското место.

– Потребен ми е солиден проект. Проектот кој ќе ми биде понуден ќе биде клучен. Сакам да почувствувам дека тимот во кој ќе играм, ќе ми овозможи да се борам за најважните трофеи.

– Зборував со клубот, ќе видиме што ќе се случи. Без оглед на се, среќен сум од четирите години кои ги минав во клубот. Јас сум искрен и јасен со клубот, тие дознаа што сакам и ќе видиме како ќе заврши оваа ситуација, – изјави Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни