Поврзете се со нас

Франција

Мбапе одбил да учествува на фото-сесија со колегите од националниот тим

Објавено

на

Килијан Мбапе ја продолжува својата „војна“ со раководството на Француската фудбалска федерација, па денеска создал дополнителни проблеми за маркетинг секторот.

Ѕвездата на ПСЖ најавила дека нема да учествува на утрешната фото-сесија со колегите од националниот тим, а инаку наменета за потребите на спонзорите на федерацијата, односно француската селекција.

Мбапе има забелешка за начинот на кој федерацијата ги има решено правата од спонзорските договори, а тоа веќе го најави во март кога постапи на сличен начин.

Килијан смета дека федерацијата користи само одредени фудбалери, а притоа тие немаат контрола врз брендовите во чии маркетинг кампањи ќе учествуваат.

Француските новинари пренесуваат дека Мбапе заработката од правата ги донира во хуманитарни цели, така што не се работи за обид да изнудување поголем профит, туку и незадоволство поради фактот што федерацијата ги поврзува репрезентативците со компании за обложување и продажба на брза храна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни