Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мбапе образложи зошто не му честитал на Тухел за освоениот трофеј во ЛШ

Објавено

на

Килијан Мбапе не штедеше комплименти за германската фудбалска репрезентација, за Баерн Минхен и за фудбалската филозофија на оваа земја во интервјуто за „Билд“, во кое ја отвори и темата која беше доста болна во француската престолнина во изминатите десетина дена, бидејќи неговиот клуб лесно се ослободи од човекот кој стана европски првак на 29-ти мај.

Мбапе соработуваше со Томас Тухел до средина на изминатата сезона кога Германецот заработи отказ од ПСЖ, но Мбапе вели дека има само убави спомени од актуелниот менаџер на Челси, на кого призна дека се уште не му честитал лично за големиот успех и европскиот трофеј во најелитното натпреварување.

– Баерн функционира на неверојатно ниво, веќе научив дека ако сакам да станам европски првак, мора да ги минам на својот пат. Тие секоја година се во топ пет екипи во Европа, а за германскиот фудбал не се потребни дополнителни коментари. Јас веќе имав и германски тренер.

– Тухел најмногу ме импресионира од тактички аспект, фантастичен е во тој поглед. Добро знае како ќе се однесува противникот, ги анализира ривалите со неверојатна прецизност. Она што посебно треба да се нагласи е тоа што тој се уште е многу млад тренер и може да се претвори во најдобар во светот. Дека е еден од најдобрите докажа со победата во Лигата на шампионите.

– Се уште не му честитав, но имам причина за тоа. Сакав да му испратам порака, но тој многу ретко го гледа својот телефон и знаев дека нема да види, ниту да ми врати. Им напишав порака на неговите помошници и им реков да му ја пренесат мојата искрена честитка. Ќе му се јавам после Европското првенство за лично да му честитам, имам навистина добар однос со Томас, – открива Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни