Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мбапе образложи зошто му го препушти пеналот на Меси иако можеше да постигне хет-трик

Објавено

на

Килијан Мбапе и Лионел Меси ги поделија головите во победата од 4:1 над Клуб Бриж, со тоа што Французинот одби да постигне хет-трик такашто му го препушти пеналот на својот соиграч од Аргентина.

Меси вториот гол за конечни 4:1 го постигна од белата точка и тоа сигурно ќе влијае позитивно врз неговата самодоверба, која според Мбапе може да биде од круцијално значење во понатамошниот дел од сезоната кога ќе дојдат клучните натпревари во Лигата на шампионите.

ПСЖ ќе чека осминафинален противник како второпласиран тим од групата А, што значи дека ќе добие ривал кој ќе ја заврши својата група како прв.

– Едно е јасно, ќе ни биде потребен Лионел Меси. Меси останува Меси и тој ќе ни треба во текот на сезоната, сигурен сум дека ќе ни помогне кога ќе дојдат најважните натпревари за играње

– Затоа му го препуштив пеналот, треба да дојде полн со самодоверба на тие натпревари. Добро е што го заврши мечот со два гола и тоа е добро за иднината на ПСЖ, – вели Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни