Поврзете се со нас

Италија

Матуиди пред реализација на изненадувачки трансфер, играчот се огласи на социјалните мрежи

Објавено

на

Италијанскиот новинар специјализиран за трансфер активностите на клубовите, Фабрицио Романо штотуку пренесе доста неочекувана трансфер информација.

Имено, Јувентус и Интер Мајами си пуштиле рака за конечен трансфер на францускиот фудбалер од средниот ред.

Според Романо, се е договорено меѓу двете страни, а веќе се закажани и медицинските прегледи на играчот.

Спротивно на овие најави на новинарот гласеше објавата на самиот Матуиди кој пред нешто помалку од еден час се огласи на социјалните мрежи.

Тој во објавата не потврди ништо и со статусот дополнително ги збуни фановите затоа што нагласи дека ќе оди на одмор за подобро да се подготви за новата сезона.

– Специјална сезона…многу радост…и разочарување во Лигата на шампионите. Трето Скудето по ред. Сега е време за краток одмор пред новата сезона да започне, -напиша Матуиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни