Поврзете се со нас

Германија

Матеус го посочи најдобриот тим во светот: Како да ги гледам Меси, Иниеста и Чави од времето во Барселона!

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Лотар Матеус е верен приврзаник на Баерн Минхен и ги следи сите случувања во клубот од „Алијанц арена“, но оваа сезона признава дека неговиот омилен тим е далеку од квалитетот кој го поседува Баер Леверкузен.

„Фармацевтите“ се на добар пат да прекинат една црна традиција во домашното првенство и се пред историска шанса да ја освојат првата титула во Бундеслигата, но покрај тоа се во игра и за титулите во националниот Куп и Лига Европа.

Целта на Чаби Алонсо сигурно ќе биде атак на сите три трофеи во последните два месеци од сезоната, а голема поддршка во тој потфат има и од легендарниот Матеус кој зборува за Леверкузен само во суперлативи.

– Неверојатно интересно е да се гледа Леверкузен оваа сезона. Фудбалот кој го играт, брзината која ја прикажуваат, смиреноста која ја имаат со топката…… Можам да зборувам за нив половина час без да престанам. Овој Леверкузен ме потсетува на Барселона предводена од Меси, Иниеста и Чави. За мене, овој Леверкузен игра како таа Барселона.

– За мене, Леверкузен е најдобриот тим во светот во овој момент. Не би ги споредувал со екипи како Манчестер Сити и Ливерпул, но за мене тие го играат најквалитетниот фудбал цела сезона, – потенцира Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни