Поврзете се со нас

Англија

Maрсеј сака да „украде“ уште еден играч на Арсенал

Објавено

на

Францускиот Олимпик Марсеј сака да ја повтори веќе испробаната формула со ангажманот на Матео Гендузи од Арсенал, па од клубот да ангажира уште еден играч.

Медиумите во Франција пренесуваат дека клубот е сериозно заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на „топчиите“, Нуно Тавареш.

Дефанзивецот пристигна на „Емирејтс“ минатата сезона, не се изнаигра многу, па би можел да ја промени средината во летниот преоден рок.

Засега нема никаков договор затоа што од Олимпик Марсеј го бараат играчот на позајмица, додека од Арсенал сакаат да го продадат со цел да обезбедат пари за нови засилувања.

Наводно, желба на Микел Артета е ангажман на дефанзивецот на Ајакс, Лисандро Мартинез, за кого интерес има и од неколку други премиерлигашки тимови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни