Поврзете се со нас

Италија

Марота задоволен од трансфер зделката минатото лето: Лукаку замина за 115 милиони евра, а ни дојде Џеко за џабе

Објавено

на

Играчите на Интер предовдени од Симоне Инѕаги зедоа залет и го втурнаа актуелниот шампион на Итлаија повторно во сериозна битка за титулата во Серија А.

„Неораѕурите“ по нешто полошиот старт направија долга серија позитивни резултати со кои се искачија на втората позиција на табелата, на само еден бод зад лидерот Милан.

Малкумина очекуваа дека Интер повторно ќе биде доминантен, посебно по заминувањето на Ромелу Лукаку од клубот и неговото заменување со Един Џеко.

Лукаку направи трансфер во Челси за сума од 115 милиони евра, а Џеко дојде на „Меаца“ за „џабе“, односно без обесштетување.

Босанецот, барем според досега прикажаното, ја оправда довербата и на одличен начин го замени Лукаку чие отсуство не се чувствува. Ваквото нешто го потврди и спортскиот директор на клубот, Бепе Барота кој е задоволен со зделката склучена минатото лето.

– Лукаку е продаден за големи пари, а го донесовме Џеко за џабе. Сепак, на теренот нема голема разлика, -изјави Џузепе Марота за „Кориере дела Сера“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни