Поврзете се со нас

Италија

Марота за пропуштената шанса: Можев да го доведам Халанд во Италија за смешна сума

Објавено

на

Актуелниот извршен директор на Интер, Бепе Марота, зборувал отворено пред медумите на повеќе теми, а една од нив била и пропуштените шанси да ангажира одреден фудбалер во тимовите во кои работел.

Марота ги докажа своите квалитети како спортски директор во Јувентус, за сега да работи во големиот ривал Интер. Тој вели дека најголем пропуст во кариерата му е трансферот на Ерлинг Халанд.

– Можев да го доведам Халанд во Јувентус за само 2 милиони евра. За жал, сега веќе не е возможно да го видиме во Серија А, ниту еден клуб не може да си го дозволи. Видете што се случи со Лукаку, – изјавил Марота.

Тој потврдил дека навистина имало комбинација за размена на Мауро Икарди и Пауло Дибала на релација Интер-Јувентус.

– Постоеше можност Дибала да дојде во Интер, но не дојде до реализација. Иако тој се уште нема ставено потпис на нов договор со Јувентус, сигурен сум дека тоа ќе се случи наскоро, – рекол Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни