Поврзете се со нас

Италија

Марота со конкретна порака ги разреши сите дилеми околу иднината на Лукаку во Интер

Објавено

на

Италијанскиот шампион Интер по подолга пауза успеа да дојде до пехарот во Серија А, но по овој успех мораа да се променат некои работи во клубот поради финансиската состојба и последиците кои ги остави пандемијата со КОВДИ-19.

Прв си замина тренерот Антонио Конте за да потоа принудно биде продаде и Ашраф Хакими во Пари Сен Жермен. Интер допрва ќе мора да досреди некои работи, па во јавноста се појавија одредени информации дека може да биде „ослободена“ уште некоја ѕвезда, ѕверка од екипата.

Се споменуваше името на Ромелу Лукаку кој беше поврзуван со Челси, па дури и со Манчестер Сити кој исто така е во потрага по напаѓач кој може да донесе многу голови. Сепак „нероаѕурите“ немаат намера да се откажат од Белгиецот и за тоа говори изјавата на извршниот директор, Џузепе Бепе Марота.

-Од наша страна, можеме апсолутно да кажеме дека Лукаку не е на продажба. Лукаку е важно парче на шаховската табла кое му е достапно на Симоне Инѕаги, -порача Марота.

Ромелу минатата сезона даде 24 голови за Интер во Серија А, севкупно пак по доаѓањето од Јунајтед има постигнато 64 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни