Поврзете се со нас

Италија

Марота лут на судијата Пичинини: Втор пат сезонава не ни суди чист пенал

Објавено

на

Интер не успеа да ја победи Парма на својот стадион, па дури и се извлекуваше од пораз откако Перишиќ израмни на 2:2 во 92. минута од натпреварот.

По средбата, тренерот Антонио Конте не се појавил прв на вообичаеното телевизиско интервју за да го коментира натпреварот, туку му го отстапил местото на директорот Бепе Марота, кој го критикувал судијата.

Интересно е што делегираниот Лука Паирето заработил повреда на загревањето, па бил заменет од четвртиот судија Марко Пичинини, кого од Интер директно го обвинија дека не им досудил пенал.

Се работи за дуелот меѓу Балог и Перишиќ, по кој Пичинини остави играта да продолжи, а немаше ни дополнителна реакција по ВАР сугестија.

– Знаеме дека овој судија не беше предвиден да суди денеска, но неговите грешки се чести. Пичинини не ни досуди чист пенал и против Беневенто.

– Не сум овде да се жалам, туку барам правилата да бидат почитувани, истово ќе го кажев и ако го добиевме натпреварот.

– Очекувам ВАР да реагира кога е направена голема грешка, а таков случај имавме вечерва. Па или судијата треба да биде повнимателен или да биде корегиран од ВАР колегите, – истакнал Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни