Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез со непопуларна тактика го разбесни Вињалес, Квартараро со рекорд до нова пол-позиција (Видео)

Објавено

на

Фабио Квартараро продолжи да царува во саботните квалификации во Мото ГП, па ова попладне стигна до својата четврта последователна пол-позиција, која ја надополни со апсолутен рекорд.

Младиот возач на Јамаха постави нов рекорд на легендарната патека Муџело и извозе најбрз круг за време од 1:45.187, а тоа беше повеќе од доволно да биде подобар од конкуренцијата. Квартарато одново беше убедливо најдобра Јамаха на патеката и ја одбрани честа на Јапонците, додека Франческо Бањаја и Жоан Зарко како возачи на Дукати утре од второто и третото место ќе се обидат да ја одбранат честа на италијанскиот тим на домашната патека.

Двајцата ќе имаат тешка задача против Квартараро кој покажа дека е за нијанса побрз од сите, а од позадина шанса ќе чекаат и Алеиш Еспаргаро кој имаше фантастично време и заврши четврт, како и Милер и Биндер кои се најдоа во вториот стартен ред.

Во првите десет се уште Оливеира, Ринс, Мир и Морбидели, а двајцата кои обезбедија место во главните квалификации преку баражот, останаа 11-ти и 12-ти. Марк Маркез ќе стартува од 11-то, Еспаргарот од 12-то, додека 13-ти е Маверик Вињалес кој во бараж квалификациите беше бесен на својот сонародник и осумкратен светски првак.

Маркез го фрустрираше Вињалес со тоа што го следеше Вињалес на секој дел од патеката, па на крајот тој избори подобро време и го остави Вињалес без шанса да влезе во главните квалификации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни