Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез се врати во Мото ГП и го разбесни светскиот првак: Вакви потези треба да се казнуваат

Објавено

на

Марк Маркез се врати во Мото ГП шампионатот по пауза од цели девет месеци, а во првиот ден со натпреварувачки карактер, осумкратниот светски шампион успеа да го налути актуелниот првак во „кралската класа“.

Маркез беше најбрз возач на Хонда денеска и покрај долгата пауза, па на квалификациите за Големата награда на Португалија го освои шестото место, што значи дека ќе стартува од вториот стартен ред утре попладне.

Марк имаше навистина завидни перформанси во Портимао за возач кој е надвор од физичка форма, па иако верува дека утре ќе има доста повеќе проблеми на трката, неговото присуство и потезите кои ги приреди на квалификациите го налутија Жоан Мир.

Возачот на Сузуки кој лани ја освои титулата беше бесен поради фактот што Маркез му возеше зад тркало во ситуација кога се бореа за подобро време во еден летечки круг, па јавно нагласи дека таквите постапки треба да се казнуваат поради деконцентрација кон возачот кој е напред.

– Знаевме дека Марк сака да го прави ова, но првпат го прави со мене. Секогаш ја игра оваа игра, оди зад некого во квалификациите и го следи зад задното тркало. Вакви работи се казнуваат во Мото 3, се казнуваат и во Мото 2, треба да се казнуваат и во Мото ГП. Сите заработуваат казни во другите категории, но не и Марк Маркез. Ми пречеше во првиот обид, а потоа тој искористи од моето добро возење и се најде на шестото место. Вакви работи треба да се казнуваат, – изјави Мир, по што Маркез мирно возврати.

– Имаше еден сектор од патеката во кој губев многу време, а не знаев што прават другите. И мене ми правеле вакви работи кога бев во форма, а сега мене ми беше потребна помош. Цел викенд возев сам, но сега го избрав светскиот шампион и возев зад него за да возам подобро во првиот сектор, – изјави Маркез.

Што се однесува до резултатите на денешните квалификации, најбрз беше Квартараро од Јамаха и тој утре ќе стартува прв, зад него се Ринс и Зарко во првиот ред, во вториот се Милер и Морбидели пред Маркез, во третиот се најдоа Еспаргаро, Марини и Мир, а во топ 10 е и Оливеира од КТМ. Бањаја кој имаше најдобро време беше казнет и ќе стартува 11-ти, 12-ти е Маверик Вињалес, додека Роси приреди ново разочарување и ќе стартува 17-ти во Портимао,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни