Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез испрати порака до фановите по малерозниот старт на сезоната (Фото)

Објавено

на

Марк Маркез имаше малерозен старт на новата сезона во Мото ГП шампионатот, откако на првата трка во Херез имаше сериозен пад по кој веднаш беше префрлен во болница.

Лекарите утврдија фрактура на горниот дел на раката, која ќе мора да биде санирана со операција, а актуелниот светски шампион вечерва испрати порака до своите фанови.

– Понекогаш работите не изглегуваат според очекувањата, но најважно е да се вратиш и продолжиш.

– Се надевам дека уживавте во враќањето на трките, сега ме очекува операција за да ја санирам фрактурата на десната надлактица. Ви ветувам дека ќе се вратам најбрзо што можам и ќе бидат уште посилен, – напиша Маркез на социјалните мрежи.

Се очекува операцијата да биде изведена во вторник, со што Маркез нема да биде во можност да вози на втората трка во Херез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни