Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“: Јовиќ е првиот играч кој си оди од Реал, прави трансфер во Серија А

Објавено

на

По крајот на сезоната, Реал Мадрид се раздели со Иско Аларко, Марсело и Герет Бејл, играчи на кои им истекоа договорите, но почетокот на летниот преоден рок е добро време за старт на чистката која се планира и од играчи кои се под договор.

Како што информира угледната „Марка“, Лука Јовиќ по се изгледа ќе биде првиот играч на Реал кој ќе си замине на стартот на преодниот рок, бидејќи Србинот решил дека не смее да си дозволи уште една сезона како оваа што измина, особено поради тоа што на средина на кампањата се игра Светско првенство, турнир на кој Србија се пласираше.

Реал го понудил Јовиќ на клуб со кој има навистина добри односи, и во кој изминатава сезона беше испратен на позајмица десниот бек Одриозола.

Станува збор за Фиорентина, клуб кој со добри очи го гледа и Јовиќ, па „Марка“ прогнозира дека работата брзо ќе се заврши како што сите посакуваат, бидејќи операцијата е добра за сите три страни.

Според изворите на „Марка“, Фиорентина сака да го тестира напаѓачот на едногодишна позајмица, а во договорот да биде вклучена клаузула со која ќе имаат право на откуп по крајот на сезоната. Реал е тој кој нема да поставува многу услови, бидејќи Анчелоти не го гледа Србинот во своите планови и не го смета за достојна резерва за Бензема.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни