Поврзете се со нас

АТП

Мари: Дали жалам што сум роден во ерата на Надал, Федерер и Ѓоковиќ? Тоа е…

Објавено

на

Енди Мари и покрај сите проблеми и понатаму е активен на тениските терени каде неделава е дел од турнирот во Виена каде успеа да го добие Хуберт Хуркач кој е дел од првата десетка на АТП листата.

Со ова Шкотот само потврди дека е огромен борец кој не сака да се предава, односно покажа зошто е меѓу најдобрите во оваа генерација, последните 10-15 години во кои требаше да се бори со ривали како Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер, три имиња кои можеби се и најквалитетните во историјата на овој спорт.

Токму Енди беше запрашан за тоа што мисли дали би било подобро да би бил роден во некоја друга ера во која би имал можеби простор за повеќе грен слем успеси, титули.

-Дали жалам што сум роден во иста ера како Новак, Рожер и Рафа? Тешко прашање. Од една страна да, затоа што мислам дека можев да освојам повеќе трофеи доколку тие не беа таму и ако бев да речеме, пет години помлад. Би имал повеќе шанси. Повторно имав шанса да играм против најдобрите играчи на сите времиња и да ги предизвикам на најголемите турнири. Играв против Надал на Ролан Гарос, Рожер на Вимблдон, Новак на Австралија Опен и УС Опен, секогаш во самата завршница на турнирот, дури и на Олимпијадата. Се разбира, не ги добив сите тие натпревари, но победив на некои од нив. Чувствувам дека имав среќа да играм против нив и дека тоа ми помогна да напредувам, бидејќи летвичката е многу поставена, -порача Шкотланѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни