Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мане бил фан само на едно натпреварување: Првпат почнав да ја гледам Премиер лигата во 2012. година!

Објавено

на

Садио Мане во ексклузивнот интервју за УЕФА направи ретроспектива на својата авантура во Ливерпул и излезе со први импресии за воведните месеци во Германија, за кои тој вели дека се одвиваат онака како што очекувал, со мали проблеми околу адаптацијата.

Сенегалецот беше мета на први критики во изминатите две седмици поради слабата форма, но одговори со гол во дербито со Баер Леверкузен и сега ќе може помирно да ги дочека новите возбудувања во Лигата на шампионите, но и Бундеслигата.

– Секогаш е тешко кога некои работи се случуваат брзо. Се е поинакво за мене. Нови луѓе, нови тренинзи, се е нова. Промените се доста големи и потребно ми е време да се адаптирам. Знаев дека ќе оди вака и воопшто не сум изненаден. Сите работи се одвиваат онака како што очекував. Тука сите ме пречакаа извонредно и знам дека брзо се ќе биде во најдобар ред, – вели Мане, кој открива дека до 2012-та година, немал гледано ниту еден меч во Премиер лигата.

– За мене, Лигата на шампионите е нешто посебно и специјално. Тој трофеј е сон за секој играч во светот. Кога растев, воопшто не гледав натпревари од националните лиги, гледав само Лигата на шампиони. Не ја гледав ниту Премиер лигата, првпат почнав да ја гледам во 2012-та година, – открива Мане, кој говори и за своето време во Ливерпул.

– Никогаш нема да го заборавам мојот период во Ливерпул. Научив многу, како играч и како човек. Ливерпул е клуб кој секогаш ќе биде дел од моето срце, а „Енфилд“ е стадион кој ги нуди најдобрите ноќи во Лигата на шампионите, – завршува Садио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни